Преземи верзии

Преземања





eBanking   
       
Банки кои ги користат нашите услуги
  Правни лица


  Физички лица

   Контакт

АССЕКО-СЕЕ ДООЕЛ Скопје

Факс:+389 2 3216 621
Е-маил: 
Народен фронт 17
1000 Скопје
Македонија
Често поставувани прашања

 

1. Неможам да се најавам? Порака “The page must be viewed over a secure channel”

2. Неможам да се најавам? Порака “The web page can not be displayed”

3. Што значи пораката „Погрешен активациски код“?

4. Добив порака „Корисникот е веќе активиран“?

5. Зашто добив порака „Непознат корисник“?

6. Откако го внесов пинот добив порака „Погрешен пин“?

7. Зашто ми е одбиен налогот ?

8. Каде да проверам каде ми е налогот кој го пратив ?

9. Што значи пораката „Одбиен налог: корисникот нема право за трансакции“ ?

10. Што значи статус на налог „Се Праќаат...“ ?

11. Дали треба да се препрати налог кој има статус „Се праќаат...“ ?

12. Дали може да го препратам одбиениот налог ?

 

1. Неможам да се најавам? Порака “The page must be viewed over a secure channel”

Провете дали добро сте ја внеле адресара на web страната . . . Сите страни се отвораат преку сигурноcен канал и потребно е во адресата да стои https . . .


2. Неможам да се најавам? Порака “The web page can not be displayed”

• Проверете дали имате интернет
• Проверете дали добро ја внесувате интернет страната


3. Што значи пораката „Погрешен активациски код“?

Проверете дали точно го внесовте вашиот активациски код. Ако активацискиот код содржи карактери проверете да не е вклучено Caps Lock на тастатурата.


4. Добив порака „Корисникот е веќе активиран“?

Активација на вашиот профил се прави само еднаш, истиот активациски код не може да биде искористен за повторна активација.

Пробајте да се најавите со вашето корисничко име, лозинка и токен. Доколку сте ја заборавиле својата лозинка, ќе мора да ја повторите постапката “Ја заборавив лозинката“.


5. Зашто добив порака „Непознат корисник“?

Проверете дали точно го внесовте вашето корисничко име. Ако корисничкото име е точно внесено ве молиме контактирајте ја службата за техничка поддршка.


6. Откако го внесов пинот добив порака „Погрешен пин“?

Проверете дали точно го внесовте ПИН-от од вашиот токен кој секогаш се состои од нумерички карактери. Проверете дали ви е вклучено 'Num Lock' или 'Caps Loc' на тастатурата.


7. Зашто ми е одбиен налогот ?

За да видите причината поради која е одбиен налогот потребно е да го проверите неговиот статус на менито Плаќања ->Пратени налози во колоната Статус на налог. Доколку користите FXClient апликацијата статусот на налогот го проверувате преку страната Сандаче во колоната Статус на налог.


8.Каде да проверам каде ми е налогот кој го пратив ?

Сите налози пратени електронски т.е. преку web апликацијата откако ќе ги пратите кон банка нивниот статус за успешно или не успешно прифаќање во банката го проверувате во менито Плаќања -> Пратени налози во колоната Статус на налог. Статусот на налогот откако е прифатен во банка го следите преку страната Преглед на плаќања од менито Преглед.


9. Што значи пораката „Одбиен налог: корисникот нема право за трансакции“ ?

Потребно е да го контактирате Help Desk центарот за проверка на вашиот профил.


10. Што значи статус на налог „Се Праќаат...“ ?

Налозите кои сте ги пратиле и кои имаат статус на налог “Се праќаат” не треба да се препраќаат повторно. Овој статус на налог е привремен.

Освежете го прегледот Плаќања ->Пратени налози.

Доколку се уште налогот стои во статус “Се праќа...” проверете го статусот на налог подоцна со тоа што ќе кликнете на менито Плаќања ->Пратени налози.


11. Дали треба да се препрати налог кој има статус „Се праќаат...“ ?

Не го препраќајте налогот. Проверете го статусот на налогот подоцна на менито Плаќањa ->Пратени налози. Исклучиво налогот кој има статус “Одбиен” може да биде пратен повторно.


12. Дали може да го препратам одбиениот налог ?

Налог со статус одбиен не може да биде препратен. За да го испратите повторно потребно е да се креира и испрати нов налог. Најбрз начин да креирате ист налог како одбиениот е да кликнете на линкот “Препрати“. Корегирајте го податокот поради кој налогот е одбиен и пробајте да го пратите ново креираниот налог.

  
 
   Линкови